Достапни линкови

logo-print

Грција стравува од тројно зголемување на мигрантите


Грција предупреди дека бројот на мигранти на нејзина територија може да се зголеми тројно во следниве недели достигнувајќи повеќе од 70 000 поради затворањето на границите на земјите од балканската рута. Според министерот за емиграција Јанис Музалас околу 22 000 мигранти веќе се на територијата на Грција.
Грција всушност е првото место во Европа за десетици илјади мигранти и бегалци од Блискиот Исток а до ваквата ситуација дојде откако Словенија, Хрватска, Србија и Македонија поставија ограничува од 580 мигранти дневно.
Ова следуваше откако Австрија постави ограничувања и им дозволи само на 3200 мигранти да поминуваат низ земјата. Атина ја обвини Виена за предизвикување домино ефект за рестрикции на границите на т.н. балканска рута по која одат мигрантите за да влезат во европските земји.
Австрија и балканските земји ја обвинуваат Грција дека не успева соодветно да ги осигура границите.

XS
SM
MD
LG