Достапни линкови

logo-print

Турција почна со обнова на ирачко-курдскиот нафтовод


Турција почна со обнова на нафтоводот преку кој се носи сурова нафта од ирачкиот автономен региот Курдистан до медитеранскиот брег. Министерствотo за енергетика на Турција вчера соопшти дека доставата на суровата нафта била стопирана од 17 месецов поради времени безбедносни мерки. Според турското министерство,борците на Курдската работничка партија го нападнале гасоводот во турската југоисточна провинција Сирнак во близина на границата со Ирак на 25 месецов. Регионалните власти во Курдистан рекоа дека не може да потврдат дали ПКК стои зад нападот. Нафтоводот кој беше неколку пати напаѓан во последниве месеци пренесува околу 600 000 барели нафта дневно.

XS
SM
MD
LG