Достапни линкови

Клинтон победи во Јужна Каролина


Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон победи на прелиминарните избори на Демократската партија за претседателски кандидат во Јужна Каролина. Клинтонсе очекуваше да добие 39 гласа од делегатите а нејзиниот противкандидат, сенаторот од Вермонт Берни Сандерс 14.
На кандидатите им требаат 2382 делегатски гласа за да ја добијат партиската номинација за претседателските избори во ноември. Победата е значителна за Клинтон ако се земе предвид дека на 3 март ќе се одржи т.н. Супер вторник кога гласачите од 11 американски држави и американска Самоа ќе го направат својот избор и ќе бидат избрани 865 делегати. Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека 80 отсто од африканско-американските гласачи и 75 отсто од жените ја поддржуваат Хилари во трката во Јужна Каролина.

XS
SM
MD
LG