Достапни линкови

logo-print

Пакистанските сили се судрија со бунтовниците


Пакистанската армија презема копнена и воздушна офанзива против бунтовниците во племенскиот појас во кој државата нема контрола. Во вчерашната акција загинаа најмалку 34 милитанти и четири пакистански војници. Областа во северен Вазиристан е под силна контрола на бунтовниците од Техрик-е-Талибан Пакистан (ТТП). Нападот доаѓа денови откако моќниот шеф на пакистанската полиција генералот Рахеел Шариф нареди неговата војска да почне со последната фаза од операцијата против милитантите во областа која се граничи со Авганистан.
Во воздушните напади беа убиени најмалку 15 осомничени милитантиа во соопштението на војската се наведува дека во копнената офанзива загинале 19 бунтовници. Војската ја започна офанзивата во Северен Вазиристан во јуни 2014 година. Во овој период како што е соопштено се убиени повеќе од 3500 милитанти.

XS
SM
MD
LG