Достапни линкови

Бушати: Албанија ниту ги отвора, ниту ги затвора границите за бегалци


Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, кој се наоѓа во посета на САД, во интревју за Гласот на Америка, изјави дека Албанија нема да подига ѕидови, во случај бегалците и мигрантите да почнат да ја користат оваа земја како транзитна на патот кон западноевропските држави. Според него емигрантската криза е заеднички предизвик. Како што јавува МИА Бушати рекол дека подигање ѕидови не е решение за проблемот со емигрантите, бидејќи предизвикува синџир реакција кај соседите. Албанија ниту ќе ги отвори, ниту ќе ги затвори границите. Нашата земја ќе и биде верна на ЕУ, изјавил Бушати. Албанскиот премиер Еди Рама, пред два дена, гостувајќи во емисијата „Топ стори“ на тиранската телевизија Топ-чанел, изјави дека државата нема да стане нова маршрута за мигрантите кои одат кон Западна Европа.

XS
SM
MD
LG