Достапни линкови

logo-print

ИД нападна предградие на Багдад


Ирачките безбедносни сили денеска се борат против бунтовниците на Исламска држава во западното предградие на Багдад, Абу Граиб во напад кој властите го опишуваат како најголем во близина на ирачкиот главен град во последниве месеци. Полицијата соопшти дека нападот почнал во раните утрински часови кога тројцата бомбаши самоубијци со автомобили влетале во бараките во Абу Граиб кои ги користат безбедносните сили. Потоа следувал пешадиски напад од ИД во кој загинале најмалку 12 припадници на владините сили, а 22 се повредени. Ројтерс јавува дека откако првиот напад бил одбиен, бунтовниците ги заземале блиските позиции.
Абу Граиб се наоѓа на околу пет километри западно од багдадскиот меѓународен аеродром.

XS
SM
MD
LG