Достапни линкови

Продолжува примирјето во Сирија


Набљудувачите во Сирија соопштија дека се регистрирани неколку воздушни напади северозападна и централна Сирија денеска, но и покрај нив примирјето меѓу владата и умерените опозициски сили генерално се почитува и вториот ден откако стапи во сила. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека набљудувачите регистрирале воздушни напади и од сириски и од руски авиони во шест града во провинцијата Алепо и во едно село во провинцијата Хама. Според директорот на организацијата Рами Абулрахман се уште не се знае дали со воздушните напади се погодени зоните кои се опфатени со примирјето. Сириските медиуми не ги споменаа нападите а руското министерство за одбрана одби да коментира. Договорот за примирје не ги вклучува териториите контролирани од Исламска држава или од Ал Нусра фронт кој се поврзува со Ал-Каеда. Заедно овие две милитантни екстремистички групи контролираат околу половина од територијата на Сирија.

XS
SM
MD
LG