Достапни линкови

Вкупно 36 загинати во рударската несреќа во Русија


Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека 26 рудари кои се водеа за исчезнати по експлозијата во рудникот Севернаја се мртви со што бројот на жртвите се искачи на 36. Министерството ова го соопшти денеска неколку часа откако во нова експлозија во рудникот кој се наоѓа во близина на градот Воркутск загинаа шест спасувачи. Четворица рудари загинаа а девет беа повредени во екслозија на метан гас во рудникот на 25 месецов. Руското министерство за вонредни ситуации рече дека операциите за спасување се прекинати поради високата температура и недостигот на кислород во оштетените делови на рудникот, состојба во која никој не може да преживее. Од таму додадоа дека немало никаков контакт со рударите откако се водат за исчезнати односно од првата експлозија на 25 февруари.

XS
SM
MD
LG