Достапни линкови

Гани:Нема мировни преговори со убијците на цивили


Двата самоубиствени бомбашки напади вчера во Авганистан во кој загинаа најмалку 28 луѓе ја ставаат под сомнеж перспективата на мировните преговори меѓу Кабул и Талибанците. Авганистанскиот претседател Ашраф Гани рече дека неговата влада нема да учествува во мировни преговори со која било милитантна група која убива невини авганистански цивили и дека авганистанските сили ќе ја зајакнат својата ботба против терористите.Ваквата реакција на Гани следува откако бомбаш самоубиец во источната провинција Кунар уби најмалку 13 луѓе, а неколку часа подоцна во близина на министерството за одбрана во Кабул бомбаш самоубиец уби 15 луѓе. Властите од Авганистан, Пакистан, САД и Кина притискаат за продолжување на мировните преговори со Талибанците на први март во Исламабад.

XS
SM
MD
LG