Достапни линкови

Реформаторите водат на изборите во Иран


Иранските власти денеска соопштија дека дека пребројале 90 отсто од гласачките ливчиња и дека претседателот Хасан Рохани и неговите реформаторски сојузници ги добиле сите 30 оспорувани места во парламентот кој има 290 пратеници. Резултатите исто така покажуваат дека реформаторите ги победиле конзервативците и во Собранието на експерти-тело кое што ќе го избере идниот ирански врховен лидер. На 24 февруари во Иран се одржаа првите избори откако на земјата и беа тргнати меѓународните санкции поради нуклеарниот договор кој владата на Рохани го постигна со светските сили. Реформаторите бараа гласачите да ја поддржат нивната коалиција за да спречат повторно да се изберат ултра конзервативните свештеници. Тие дојдоа до победата и покрај дисквалификацијата на илјадници нивни кандидати од изборната трка.

XS
SM
MD
LG