Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ: Оливер Спасовски да ги најде тепачите на Тодор Петров


Даниела Рангелова

Даниела Рангелова

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува бруталниот чин на претепување на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров и бара од министерот за внатрешни работи од СДСМ Оливер Спасовски да ги пронајде, уапси и санкционира сторителите.

„Дестабилизацијата и наметнувањето на криза е очигледно и веќе видено сценарио против мирот, стабилноста и соживотот во Република Македонија. МВР под контрола на СДСМ и нивните партиски кадри е во длабок сон и нем соучесник во ваквото сценарио“, рече пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Според неа, претепувањето на Петров е доказ за хаосот во кој СДСМ ја втурна државата, но и хаосот во кој што се наоѓаат институциите кои СДСМ ги контролира.

Петров денеска бил физички нападнат по осветувањето на камен-темелникот на крстот во скопската населба Бутел, чија изградба е иницијатива на Светскиот македонски конгрес.

XS
SM
MD
LG