Достапни линкови

logo-print

Саудиец осуден на 10 години затвор поради атеистички твитови


Судот во Саудиска Арабија осуди маж на десет години затвор и 2000 удари со камшик поради изразување на атеизам во стотици постови на социјалната мрежа Твитер. Тамошните медиуми денеска објавија дека полицијата за религија која е задолжена да ги набљудува социјалните мрежи открила дека тој имал објавено повеќе од 600 твита со кои го негира постоењето на господ а споделува и смешни верзии на Куранот. Според нив 28 годишниот маж признал дека е атеист и одбил да се покае објаснувајќи дека се што напишал ги отсликува неговите верувања и дека имал право да ги изрази. Во извештаите не се наведува името на осудениот.

XS
SM
MD
LG