Достапни линкови

Рохани и Рафсанџани водат на изборите во Иран


Првичните резултати од вчерашните избори во Иран за Собранието на експерти покажуваат дека претседателот Хасан Рохани кој се саморекува умерен и неговиот сојузник, прагматичниот поранешен претседател Акбар Хашеми Рафсанџани водат во Техеран. Рафсанџани е прв, а Рохани втор според резултатите објавени од Министерството за внатрешни работи кое ги спроведува изборите. Од таму соопштуваат дека пребројувањето на гласовите во Техеран и другите градови се уште не е конечно. На изборите што се одржаа вчера покрај за Собранието на експерти, тело кое го бира врховниот лидер се гласаше и за составот на парламентот кој има 290 места. Се уште се пребројуваат гласовите од изборите кои се први откако Техеран се согласи со светските сили за неговата нуклеарна програма. Според првичните неофицијални резултати кои ги пренесуваат тамошните новински агенции умерените и независните сили кои се поврзуваат со нив водат пред конзервативците во неколку града.

Претходно иранското министерство за внатрешни работи соопшти дека 60 отсто од гласачите односно околу 35 милиони Иранци гласале на двојните избори.



XS
SM
MD
LG