Достапни линкови

Прекин на огнот во Сирија- двајца убиени


Две лица се убиени, а две повредени во самоубиствен бомбашки напад во град под контрола на владините сили во централна Сирија. До инцидентот доаѓа часови откако во сила стапи примирјето. И покрај тоа медиумите јавуваат дека прекинот на огнот донел релативен мир во делови од Сирија. Американско- рускиот договор беше прифатен од владата на претседателот Башар ал-Асад и многу од неговите непријатели. Според него борбите треба да престанат, помошта да може да пристигне до цивилите и да се отворат разговорите за ставање крај на војната во која загинаа повеќе од 250 000 луѓе а 11 милиони останаа без своите домови. Примирјето не ги вклучува Исламска држава или Нусра фронт, групата која се поврзува со Ал-Каеда во Сирија. Воените власти во Москва соопштија дека Русија прекинала со воздушните напади во „зелената зона“ во Сирија во согласност со договорот. Опозициските активисти во различни делови од Сирија велат дека ситуацијата е „претпазливо мирна“ откако примирјето стапи во сила на полноќ, а се јавува за некои изолирани инциденти.

XS
SM
MD
LG