Достапни линкови

logo-print

Заев: Стабилноста на Македонија зависи од фер и демократски избори


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев кој денеска во Битола учествуваше на отворена трибина со младите битолчани порача дека СДСМ е подготвен за претстојните парламентарни избори.

Според Заев, сите актери имаат обврска да придонесат за фер, регуларни и демократски избори и затоа како што рече граѓаните сплотени ќе со сочуваат и Уставот за да се спречи обидот на власта да го врати помилувањето за изборни нерегуларности. Следуваат многу значајни избори во Република Македонија. Укинувањето на делови од законот и овозможување да има помилување за изборни нерегуларности што се случиле во минатото, значи да се испрати порака дека секој оној што ќе направи изборен грабеж, повторно ќе може да избегне одговорност, рече Заев. Според него стабилноста на Република Македонија зависи од фер, демократски и регуларни избори.

На средбата со новинарите во Битола, тој рече дека обврската за реформи во медиумите согласно Договорот од Пржино се уште не е исполнета и очекува за брзо време квалитетна промена во оваа сфера.

XS
SM
MD
LG