Достапни линкови

Самоубиствени бомбашки напади во Авганистан-19 загинати


Во два одвоени самоубиствени бомбашки напади во Авганистан загинаа најмалку 19 луѓе а повредени се десетици. Најмалку десет лица загинаа меѓу кои и припадник на авганистанските безбедносни сили во самоубиствен бомбашки напад во близина на границата меѓу Авганистан и Пакистан. Гувернерот на провинцијата Кунар соопшти дека најголем дел од загинатите се цивили и деца а околу 40 луѓе се повредени. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, но припадникот на безбедносните сили кој е убиен беше вклучен во операциите против Талибанците минатата година. Во друг самоубиствен бомбашки напад во Кабул загинаа најмалку девет лица, а 13 се повредени соопшти авганистанската полиција. За тој напад одговорноста ја преземаа Талибанците.

XS
SM
MD
LG