Достапни линкови

Кадиров подготвен да отстапи од функцијата


Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров кој е поддржан од Москва рече дека е подготвен да отстапи од функцијата. Во интервју за НТВ телевизија тој рече дека неговото време поминало. Имам многу наследници во мојот тим рече Кадиров. Ваквата најава следува на годишнината од убиството на силниот критичар на Кремљ Борис Немцов. Многу опозиционери го обвинија Кадиров дека има улога во убиството на Немцов. Петте осомничени за убиството се поврзани со Чеченија и Северен Кавказ. Кадиров беше номиниран за чеченски претседател од рускиот претседател Владимир Путин во 2007 година и беше изгласан од чеченскиот парламент речиси без никакво несогласување.

XS
SM
MD
LG