Достапни линкови

Почна пребројувањето гласови во Иран


Ден по одржувањето на изборите во Иран на кои силите си ги одберија реформаторскиот блок на претседателот Хасан Рохани и другите конзервативни сили почна пребројувањето на гласовите.Изборите за парламентот и за Собранието на експерти се први откако Техеран се согласи со светските сили за кратење на неговата нуклеарна програма. agreed with major powers to curb its nuclear program. Министерството за внатрешни работи соопшти дека 58 отсто од гласачите, односно околу 32 милиони Иранци излегле на гласањето.Тие гласаа за 290 места во парламентот и 88 во Собранието на експерти, тело кое го избира врховниот лидер. И парламентот и собранието сега се контролирани од конзервативните сили. За време на слединие осум години Собранието на експерти би можело да го именува наследникот на актуелниот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи кој има 76 години и е на функцијата од 1989 година. Пред гласањето на голем број од кандидатите на реформаторските сили не им беше дозволено да се регистрираат. Само 40 отсто од 12 000 кандидати добија дозвола да влезат во изборната трка.

XS
SM
MD
LG