Достапни линкови

logo-print

Хашим Тачи не беше избран за претседател на Косово ни во вториот круг


Актуелниот вицепремиер и шеф на косовската дипломатија и лидер на Демократската партија Хашим Тачи, не беше избран за претседател на земјата ни во вториот круг гласање во косовскиот парламент.

Тој доби 64 гласови, а неговиот противкандидат и сопартиец Рафет Рама доби само два гласа, додека 15 гласачки ливчиња беа неважечки. Во првиот круг, Тачи доби само 50 гласови. Неважечки беа 27 гласачки ливчиња, а Рама доби само четири гласови.

За избор на претседател во првиот и во вториот круг е потребно двотретинско мнозинство, односно 80 гласа, додека во третиот круг е потребно просто мнозинство, односно 61 гласови.

Доколку не се избере и по третиот круг на гласање, според Уставот, Парламентот се распушта и Косово оди на предвремени активности.

XS
SM
MD
LG