Достапни линкови

logo-print

Саудиски „ловци“ слетаа во турската база Инџирлик


Илустрација: Базата Инџирлик во Турција

Илустрација: Базата Инџирлик во Турција

Четири воени авиони Ф-15 на воздухопловните сили на Саудиска Арабија, кои ќе учествуваат во борбата против Исламска држава, денеска слетаа во турската база Инџирлик. Воздухопловните сили на Саудиска Арабија претходно во базата испратија персонал и соодветна опрема, потсетува агенцијата Анадолија. Во воената база Инџирлик пред две недели пристигнаа првите бомбардери кои ќе бидат користени во коалициските воздушни напади на упориштата на ИД во Сирија.

XS
SM
MD
LG