Достапни линкови

Украински националисти најавија блокирање на руските камиони


Украинската националистичка партија Слобода најави дека повторно ќе го блокира транзитот на руски камиони низ Украина. Партискиот лидер Олег Тјагнибок денеска на Фејсбук напиша дека членовите на Слобода ќе продолжат со блокадите. Украински активисти почнаа да ги блокираат руските камиони на украинските гранични премини претходно овој месец. Москва возврати на 14 февруари така што го суспендираше транзитот на украински камиони низ руска територија. Сепак, два дена подоцна Москва и Киев се договорија да им се овозможи на украинските камиони заглавени во Русија или на границата да се вратат назад. Потоа и руските камиони заглавени во Украина го почнаа враќањето назад. Тјагнибок на Фејсбук ги критикува украинските власти за договорот со Москва, нарекувајќи ги предавници и велејќи дека националните се побитни од бизнис интересите.

XS
SM
MD
LG