Достапни линкови

Путин - Западните земји се спремаат за мешање во изборите во Русија


Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека западните земји се подготвуваат да се мешаат во парламентарните избори во земјата закажани за оваа есен. Зборувајќи денеска во седиштето на Федералната служба за безбедност, Путин рече дека непријателите во странство се подготвуваат за изборите. Тој додаде дека секој обид за мешање во изборите и во внатрешните работи на Русија се директна закана за суверенитетот на земјата. Путин вели дека странските трајни служби „ги зголемија нивните активности во Русија во последно време“ и ја повика Федералната служба за безбедност да „го блокира секој пристап до доверливи информации“. Аналитичарите забележуваат дека по воведувањето на западните санкции против Русија поради нејзиното мешање во конфликтот во Украина, Кремљ ја засили антизападната реторика.

XS
SM
MD
LG