Достапни линкови

logo-print

Ослободени од затвор турски новинари


Постер со ликовите на новинарите Џан Дундар и Ердем Ѓул

Постер со ликовите на новинарите Џан Дундар и Ердем Ѓул

Главниот уредник на турскиот весник „Џумхуриет“, Џан Дундар и шефот на дописништвото во Анкара, Ердем Ѓул денеска се пуштени од затворот во Истанбул, каде го очекуваа судење за издавање државни тајни. Уставниот суд на Турција, меѓутоа, ги отфрли ваквите обвинувања, пресудувајќи дека станува збор за „насилство врз медиумите и врз изразувањето“ и нареди нивно ослободување.

Двајцата новинари беа уапсени во ноември минатата година, откако „Џумхуриет“ објави напис за тоа дека Турција тајно им префрла оружје и муниција на исламистите во Сирија, кои се борат да го соборат од власт сирискиот претседател Башар ал Асад, а дека во таквите операции помага и турската тајна служба. Тие беа обвинети дека „издале државна тајна“ и на 25 март требаше да бидат изведен пред суд.

XS
SM
MD
LG