Достапни линкови

Македонски државјанин регрутирал џихадисти во Италија


Илустрација

Илустрација

Антитерористички тим на италијанската полиција во реонот на Венеција уапси еден македонски државјанин, кој е осомничен за регрутирање на борци за потребите на џихадистичката група Исламска држава. Како што јави италијанската агенција АНСА, идентитетот на македонскиот државјанин не е објавен, само е посочено дека тој бил индоктриниран кон радикалниот ислам од страна на имам од Босна и Херцеговина. Осомничениот е уапсен во рамки на истрагата против неколку лица со потекло од Балканот, кои живееле во североисточниот дел на Италија. Тие се осомничени за создавање на мрежа за регрутирање и индоктринација на странски борци за учество во војните на Блискиот Исток.

Според истрагата на италијанската полиција, преку оваа мрежа од Италија на боиштата во Сирија заминале најмалку три лица по потекло од Македонија и БиХ. Двајца од нив загинале во текот на 2013 и 2014 година, додека третиот се уште сè наоѓа во воената зона.

XS
SM
MD
LG