Достапни линкови

Застрелан грузиски опозиционер


Алекси Петриашвили

Алекси Петриашвили

Лидер на грузиска опозициска партија е ранет во вооружен напад во Тбилиси. Политичарот Алекси Петриашвили денеска бил претепан и застрелан во двете нозе од непознат број напаѓачи додека ги посетувал гробиштата во Тбилиси. Грузиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Петриашвили сега е во болница и оти неговата состојба е „стабилна и задоволителна“. Опозиционерот, кој има 45 години, од 2012 до 2014 година беше министер за европски и евроатлантски интеграции.

XS
SM
MD
LG