Достапни линкови

Избори како референдум за иднината на Иран


Избори како референдум за иднината на Иран
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Избори како референдум за иднината на Иран

Во Иран се одржуваат избори за парламентот и за Собранието на експерти, кои, според аналитичарите, можат да бидат решавачки за тоа дали Исламската република ќе излезе од дипломатската и економската изолација по неколкугодишните санкции. Ова се први избори откако стапи во сила нуклеарниот договор со светските сили.

Станува збор за одмерување на силите меѓу приврзаниците на прагматичниот претседател Хасан Рохани, кој го истурка нуклеарниот договор и кој најверојатно идната година ќе бара втор мандат, и конзервативците кои остро се противат на детантот со западните сили. Двете страни повикаа на масовен одѕив.

На повеќето кандидати кои се залагаат за реформи им забрането да учествуваат на изборите но тие ги повикаа нивните приврзаници да гласаат за сојузниците на претседателот Рохани.

Во прашање е контролата врз парламентот кој има 290 пратенички места и 88 членото Собрание на експерти, тело кое ја одбира најмоќната фигура во Исламската република, Врховниот лидер.

Во постсанкциската ера на претседателот Рохани навистина му треба парламент што ќе му помогне во остварувањето на економските можности што се нудат по укинувањето на западната блокада.
Хосеин Канани Могадам, политички аналитичар од Техеран

За време на осум годишниот мандат ова Собрание би требало да го избере наследникот на 76 годишниот Али Хаменеи кој на оваа позиција е уште од 1989 година.

И парламентот и Собранието на експерти сега се под контрола на конзервативците.

Во Иран и натаму владее голема недоверба спрема Западот а тоа, според посматрачите, го користат конзервативците кои го обвинуваат претседателот Рохани за врски со западните сили.

Затоа, како што велат, многу е важно тој да има парламент што ќе ги продолжи неговите економски реформи дома и неговите дипломатски напори надвор.

Од друга страна, иранскиот политички систем е поставен така што голема решавачка моќ имаат таканаречениот Совет на чувари, исламско судско тело, и врховниот верски лидер без кои не може да помине ниту еден нов закон. Тие всушност и решаваат кои кандидати можат да излезат на изборите.

Политичките аналитичари во Иран ја истакнуваат важноста на овие избори за претседателот Рохани, но и за иднината на земјата.

„Во постсанкциската ера на претседателот Рохани навистина му треба парламент што ќе му помогне во остварувањето на економските можности што се нудат по укинувањето на западната блокада“, вели аналитичарот Хосеин Канани Могадам.

Повеќето од Иранците сметаат дека најважно им е подобрувањето на нивниот животен стандард.

„Сега најважно за повеќето жители е нивниот живот. Тие имаат потреба од пристап до повеќето основни услови за живот . Но, за жал, нашата земја има висока инфлација. Владата тврди дека тоа падна под 10 отсто, тоа можеби е вистина , но луѓето немаат пари“, вели Али, жител на Техеран.

Со него се согласува неговиот сограѓанин Муса:

„Сега најважно ни е економското прашање, кое треба да се реши што е можно поскоро“.

Од 80 милиони жители, шеесет проценти се под 30 години. Повеќето од нив се невработени.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG