Достапни линкови

logo-print

Валенса соработник на екс комунистичкиот режим во Полска?


Лех Валенса

Лех Валенса

Полските власти покренаа истрага за тоа дали се вистински досега непознатите документи од поранешната комунистичка ера кои сугерираат дека нобеловецот за мир Лех Валенса бил соработник на тогашниот режим. Гласовите за ваквата активност долго време го следат Валенса кој во седумдесеттите години од минатиот век, додека работел во бродоградилиште го покрена движењето „Солидарност“, а потоа стана и прв покомунистички претседател на Полска. Во минатата недела се појавија документи дека Валенса примал пари за таквата негова соработка. Тој оцени дека документите биле лажни.

XS
SM
MD
LG