Достапни линкови

ЕУ: наредните 10 дена критични за бегалската криза


Во рок од десет дена мора да бидат постигнати јасни резултати на теренот во совладувањето на бегалската криза во Европа. Во спротивно се заканува опасност од распаѓање на целиот систем. Ова го оцени еврокомесарот Димитрис Аврамопулос на крајот од состанокот на министрите за внатрешни работи на Европската унија што се одржа во Брисел. Следниот битен чекор во врска со бегалската криза ќе биде самитот меѓу Европската унија и Турција што е најавен за 7 март исто така во Брисел, изјави Аврамопулос, додавајќи дека од големо значење е и тоа што НАТО се вклучува во операцијата за уништување на мрежите за шверц со луѓе.

XS
SM
MD
LG