Достапни линкови

Бридлав - Русија е егзистенцијална закана за САД и нивните сојузници


Високиот воен командант на НАТО, американскиот генерал Филип Бридлав

Високиот воен командант на НАТО, американскиот генерал Филип Бридлав, изјави дека Русија одлучила да стане „противник“ на Западот и претставува „егзистенцијална закана“ за САД и нивните сојузници. Пред американскиот Комитет за вооружени сили, Бридлав денеска рече дека Русија се обидува да „ги промени договорените правила на меѓународниот поредок“ и го поткопува единството во Европа. Бридлав е еден од најгласните критичари на Русија меѓу високите американски воени старешини, откако Москва го анектираше Крим од Украина и ги поддржа проруските сепаратисти во источна Украина. Русија постојано ги отфрла тврдењата на американски и европски претставници дека таа претставува закана за западот, оценувајќи дека таквите обвинувања се опасно ѕвечкање со оружје.

XS
SM
MD
LG