Достапни линкови

Грција не сака да биде претворена во европски Либан


Грција денеска подвлече дека нема да дозволи остатокот од ЕУ да ја претвори во „Либан на Европа“ со тоа што ќе стане прифатилише за милиони мигранти и бегалци. Говорејќи пред клучната средба во Брисел, грчкиот министер за миграција Јанис Музалас ги критикуваше другите земји за „еднострани“ активности кои влијаат на Грција.

„Грција нема да прифати еднострани дејствија. Грција исто така може да изврши еднострани дејствија. Грција нема да прифати да стане европски Либан, магацин на души, дури и ако тоа треба да се направи со големи финансиски средства од ЕУ“, истакна Музалас.

Според податоци на ОН, четири милиони бегалци ја напуштиле Сирија и заминале во релативно безбедните соседни земји, од кои повеќе од еден милион во Либан. Грција е главна влезна точка за мигрантите во ЕУ, а повеќето од нив доаѓаат од Турција преку Егејското Море на грчките острови.

XS
SM
MD
LG