Достапни линкови

Сараево ќе гради споменик во чест на Холбрук


Покојниот американски дипломат Ричард Холбрук

Покојниот американски дипломат Ричард Холбрук

Градскиот совет на Сараево ја поддржа иницијативата на заменик претседавачот на Градскиот совет Миро Лазовиќ, за покојниот американски дипломат Ричард Холбрук да „добие адекватно спомен обележје во градот Сараево“.

Како што пренесува Фена, на вчерашната седница на Градскиот совет на Сараево, советникот Лазовиќ ја поднел иницијативата да му се оддаде почест на Холбрук со цел да се оддаде „признание за неговиот несебичен ангажман за време на агресијата на Босна и Херцеговина и при постигнувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој е воспоставен мир во БиХ“.

XS
SM
MD
LG