Достапни линкови

logo-print

Шефот на македонската полиција на состанок со неговиот грчки колега


Директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски

Директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски

Директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски денеска во Солун е на средба со неговиот грчки колега Константинос Сувалас. Од Министерството за внатрешни работи оценуваат дека се работи за состанок од исклучителна важност бидејќи е прв од ваков вид меѓу директорите на двете полиции и е можност за размена на информации за мигрантската криза и за подобрување на соработката меѓу двете полициски служби во сите сфери од заеднички интерес.

„Нивото на полициската соработка помеѓу двете полициски служби е значително подобрено од август 2015 година па наваму, веднаш по прогласувањето на кризната состојба одржан е координативен состанок, по што зачестени се средбите и состаноците на регионално и на централно ниво. Позитивно се одговара на барањата за средби и секогаш во многу краток период се организира средба кога тоа ќе го побара некоја од страните“, се наведува во соопштението од МВР.

Денешната посета се реализира на покана на директорот на полицијата на Грција.

XS
SM
MD
LG