Достапни линкови

Путин - Државната заедница со Белорусија се развива


Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Државната заедница на Русија и Белорусија продолжува да се развива и го поставува тонот за односите меѓу сите држави што беа дел од поранешниот Советски Сојуз. Зборувајќи денеска на состанокот на Врховниот државен совет на Државната заедница во Минск, Путин рече дека „ништо не е изгубено“ од формирањето на Државната заедница пред 20 години.

Кремљ соопшти дека на агендата на состанокот во Минск е буџетот на Државната заедница за 2016 година и програмата за координирање на надворешно политичките иницијативи меѓу Русија и Белорусија. Се разговараше и за резултатите од трговската и економска соработка меѓу двете земји во изминатата година. Пред состанокот, Путин имаше одделна средба со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.

XS
SM
MD
LG