Достапни линкови

Одлуката за избори на 5 јуни и нераспуштањето на Собранието, реформите што остануваат да се сработат до изборите, кризата се одразува на бизнисот, расте притисокот од бегалците, дел од топ темите во весниците.

Груевски попушти и вонредни парламентарни ќе има на 5 јуни. „Собранието ги изгласа измените на изборниот законик, СДСМ не гласаше зашто не гласаше ниту за распуштање на Собранието‟ , вака гласи главната вест што ја објави Утрински и сите други печатени медиуми. Слободен печат со ваков наслов ја искоментира одлуката: „Нужда датум менува?‟ Нова Македонија напиша дека беше „Неизвесно до последната минута, откако ДУИ и ДПА собраа 26 потписи за повлекување на одлуката за распуштање на Собранието‟. Утрински го цитира Груевски: „Повеќе нема промени, избори на 5 јуни со или без СДСМ‟. Вечер ударно оди со зборовите на Груевски од неговата изјава во вторникот на полноќ: „Заев, ајде собери храброст и соочи се со народот‟. Дневник смета дека тоа било „Странски притисок преку ДУИ и ДПА за одлагање на изборите‟.

Бизнис фелата, меѓутоа, и натаму е загрижена од продолжување на политичката криза – дел од бизнисмените не очекуваат брза разврска, туку се подготвуваат за броење на штетите.

По сè, странците се задоволни, веројатно зашто ќе можат да си удрат позитивна рецка во своите роковници. Американскиот амбасадор Бејли изјави дека „Изборите на 5 јуни може да бидат кредибилни‟, еврокомесарот Хан дека „Договорот од Пржино е жив, треба да се исполнат реформите и за медиумите‟. Ова го објавија речиси сите весници. Но, Берлин е воздржан: „Прво веродостоен избирачки список, реформи во медиумите, па потоа избори‟ , информира Утрински.

Кога сме кај медиумите, се повторува практиката на различно толкување на изјавите на политичарите и всушност, дезинформирање на граѓаните: Вечер со ударни наслови тврди дека амбасадорот Бејли го потврдил ветувањето дадено на Груевски дека медиумите веќе не се услов за одржување на изборите. Дневник објавува понова изјава на американскиот амбасадор дека „Реформите во медиумите се на маса, и пред и по изборите‟.

Бизнис фелата, меѓутоа, и натаму е загрижена од продолжување на политичката криза – дел од бизнисмените не очекуваат брза разврска, туку се подготвуваат за броење на штетите, објави Утрински.

Како што се запролетува, повторно се зголемува притисокот на мигрантите. „Расте бројот на мигранти што пристигнуваат во Пиреја‟ и „Табановце се полни: Словенија враќа Сиријци во земјава‟, информира исто така Утрински.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG