Достапни линкови

Давутоглу - Прекинот на огнот во Сирија е необврзувачки


Планот за прекин на непријателство во Сирија нема да биде обврзувачки, доколку безбедноста на Турција биде загрозена“, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу, додавајќи дека Анкара ќе „преземе потребни мерки“ против курдските бунтовници во Сирија и против ИД ако тоа биде потребно. Тој нагласи дека Анкара е „единственото место каде што се одлучува за потезите во врска со безбедноста на Турција“. Истовремено, турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека борците на групата на сириските Курди, Силите за заштита на народот и на ИД настојуваат да ја поделат Сирија, притоа нагласувајќи дека територијалниот интегритет на земјата мора да се зачува.

XS
SM
MD
LG