Достапни линкови

logo-print

Кери: група за надзор на прекинот на огнот во Сирија


Американски и руски претставници во наредните денови ќе формираат група која ќе го надгледува почитувањето на прекинот на огнот во Сирија меѓу владините сили и бунтовничките групи. Ова го изјави американскиот државен секретар Џон Кери кој на сведочењето но Конгресот додаде дека разговарал со неговиот руски колега Сергеј Лавров за начинот како да се обезбеди спроведување на договорот што стапува во сила во петок на полноќ по локално време. „не гарантирам дека тоа апсолутно ќе функционира, но е единствен начин за запирање на војната“, оцени Кери. Во меѓувреме сириската опозиција соопшти дека ќе го почитува договореното примирје.

XS
SM
MD
LG