Достапни линкови

Продолжува протестот на косовската опозиција


Стотици демонстранти втора ноќ кампуваат во центарот на Приштина, со барање за нови избори. Опозицијата се противи на договорот со Србија постигнат со посредство на ЕУ, бидејќи, како што сметаат, дека давањето повеќе права на етничките срби го поткопува суверенитет на Косово. Демонстрантите најавија дека ќе останат пред косовскиот парламент се додека владата не поднесе оставка и не бидат организирани нови избори. Опозицијата од септември лани постојано со солзавец ги прекинува седниците на парламентот за да го спречи одобрувањето на договорот со Србија, но и со Црна Гора за заедничката граница. Солзавец беше активиран и вчера за да се спречи гласањето шефот на дипломатијата Хашим Тачи да стане нов претседател на Косово.

XS
SM
MD
LG