Достапни линкови

Чешка со дополнителен број полицајци во Македонија


Чешка ќе формира единица од 300 полицајци со меѓународно искуство кои ќе учествуваат во странски мисии. Ова го најави чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец наведувајќи: „Мислиме дека токму во Македонија ќе одат уште наши полицајци“, рече Хованец. Испраќањето на овие сили, според шефот на чешкото МВР, ќе биде според потребите, а како можност ги спомна Грција и Италија. В четврток Хованец ќе присуствува на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите на ЕУ во Брисел, а в петок ќе ги посети полицајците во Македонија. Сега на македонско грчката граница има 27 полицајци од Чешка, чија мисија завршува на 19 март.

XS
SM
MD
LG