Достапни линкови

Повторно солзавец во косовскиот парламент


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Седницата на претседателството на косовскиот парламент беше прекината откако пратеничката Аида Дергути од „Самоопределување“ активираше солзавец. По овој инцидент, Дергути е уапсена, јавува Танјуг. На дневен ред на Претседателството е закажување вонредна седница на која пратениците треба да изберат нов претседател, на што опозицијата се противи. Дергути после инцидентот изјави дека Косово има потреба од демократски избори и оти не се подготвени на луксуз со исполнување на личните желби на кариерните политичари.

„Ние одлучивме да ги истераме со солзавец, бидејќи тие сакаат в петок да го прошверцуваат Хашим Тачи на местото претседател на Косово“, изјави таа и ги повика граѓаните следните денови да ѝ се придружат на опозицијата која кампува пред зградата на Собранието и владата.

Косовската опозиција неколку пати досега ги прекинува собраниските седници фрлајќи солзавец.

XS
SM
MD
LG