Достапни линкови

Забавување на приливот на мигранти на Балканот


Австрија и земјите од Западен Балкан денеска се договорија да разместат полициски сили во граничните зони за да го забават приливот на мигранти долж таканаречената Балканска маршрута, пренесе ДПА. Министри за внатрешни и за надворешни работи од 10 држави од регионот денеска се сретнаа во Виена за да ја разгледаат миграциската криза. Тие се договорија да разработат усогласени критериуми за регистрирање и депортирање на мигрантите. На средбата во австриската престолнина учествуваа министри од Австрија, Албанија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија, Србија и Словенија. Нејзина цел беше да се разработи единствена позиција за миграциската криза пред средбата на министрите за внатрешни работи на 28-те земји членки на ЕУ закажана за утре во Брисел.

XS
SM
MD
LG