Достапни линкови

Протест пред Уставниот суд


Уставен суд

Уставен суд

Неколку стотини граѓани попладнево се собраа на протест пред Уставниот суд во Скопје, по, како што велат, срамната одлука на Судот да поведе постапка за Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување, со која му се забранува на претседателот на државата да амнестира обвинети и осудени за изборен криминал.

Со пароли „Нема правда- нема мир“, „Судии мафија“ граѓаните бараат оставки од уставните судии. Протестите ги организира граѓанската иницијатива „Ајде“ на која ѝ се приклучија и други невладини организации.

XS
SM
MD
LG