Достапни линкови

logo-print

Избори за спротивставување на странските влијанија во Иран


Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хаменеи

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хаменеи

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хаменеи денеска изјави дека е убеден дека Иранците на изборите оваа недела ќе им се спротивстават на влијанијата од странските сили, вклучително и од САД. Во пресрет на изборите што треба да се одржат задутре, тој на неговата интернет страница напиша дека Иранците „ќе гласаат за парламент што на прво место ги става достоинството и независноста и им се спротивставува на странските сили чие влијание врз Иран е отстрането“. На изборите се гледа како на конфронтација меѓу екстремистите и умерените реформисти, кои се надеваат да го засилат своето присуство во парламентот, по постигнувањето договор за нуклеарната програма со светските сили и укинувањето на меѓународните санкции. Советот на чувари, тело за проверка составено од конзервативни свештеници и правници, ги отфрли кандидатурите на илјадници претежно умерени и реформистички кандидати, вклучително и четири петини од кандидатите за телото што треба да го избере наредниот врховен водач. По тензиите што настанаа поради забраната, Советот на чувари ја преиначи одлуката за 1.500 кандидати.

XS
SM
MD
LG