Достапни линкови

logo-print

ЛДП - Недемократска одлука на Уставниот суд за помилувањето


Горан Милевски, претседател на Либерално-демократската партија

Горан Милевски, претседател на Либерално-демократската партија

Либерално-демократската партија смета дека одлуката на Уставниот суд да поведе постапка за уставноста на Законот за помилување е недемократска и уште една потврда за спрегата меѓу извршната власт со поединци од судството, кои сакаат да ги аминуваат изборните криминали.

„Јасно е како ден дека ова барање следува откако Специјалното јавно обвинителство го отвори предметот „Титаник“, во кој се вмешани актуелни и поранешни функционери. Затоа, уште еднаш апелираме до сите политички чинители и меѓународниот фактор, што поскоро да се формира специјален суд, кој ќе ги процесуира транспарентно и законито сите обвиненија на специјалното обвинителство“, се наведува во соопштението од ЛДП.

XS
SM
MD
LG