Достапни линкови

logo-print

Осуден сунитски опозиционер во Бахреин


Илустрација: Протести во Бахреин

Илустрација: Протести во Бахреин

Судот во Бахреин денеска го осуди сунитскиот опозициски лидер Ибраим Шариф на една година затвор за поттикнување омраза против владата. Судот сепак ги отфрли посериозните обвиненија за поттикнување насилна промена на сунитската влада на Бахреин. Шариф беше еден од организаторите на продемократските протести во Бахреин во 2011 година, во екот на Арапската пролет, на кои најголемиот дел од демонстрантите беа од шиитското мнозинство. Иако Шариф е сунит, неговото движење Ваед е секуларно. Тој веќе одлежа четири години од петгодишната затворска казна за неговата улога во протестите пред кралската амнестија во јуни 2015. Еден месец подоцна повторно беше уапсен за изјава дадена на комеморацијата за демонстрант убиен во владиното задушување на протестите во 2011. Најмалку 89 луѓе загинаа во судирите меѓу демонстрантите и владините сили во Бахреин во 2011. Стотици луѓе беа уапсени и осудени за протестите, меѓу кои и седуммина лидери на шиитски опозициски партии кои беа осудени на доживотен затвор.

XS
SM
MD
LG