Достапни линкови

Почина постариот брат на Фидел и Раул Кастро


Рамон Кастро, најстариот брат на лидерот на кубанската револуција Фидел и на кубанскиот претседател Раул Кастро

Рамон Кастро, најстариот брат на лидерот на кубанската револуција Фидел и на кубанскиот претседател Раул Кастро

Почина Рамон Кастро, најстариот брат на лидерот на кубанската револуција Фидел и на кубанскиот претседател Раул Кастро. Кубанските медиуми јавуваат дека останките на 91-годишниот Рамон Кастро синоќа биле кремирани и оти ќе бидат погребани во неговата родна провинција Холгун. За разлика од политичкиот живот на двајцата негови браќа, Рамон Кастро, познат под неговиот прекар Монго, се занимаваше со земјоделство и сточарство. Ја носеше почесната титула „Херојски работник на Република Куба“.

XS
SM
MD
LG