Достапни линкови

Меѓусебни обвинувања за кршење на примирјето во источна Украина


Украинската влада и проруските сепаратисти денеска меѓусебно се обвинуваат за прекршување на кревкиот договор за прекин на огнот со користење артилериски оган. Украинската војска соопшти дека сепаратистите истрелале 84 гранати кон владините сили во изминатите 24 часа. Сепаратистите, кои имаат поддршка од Москва, пак, велат дека владините сили испукале 30 гранати кон нивните позиции на периферијата на Доњецк и Горливка.

Министрите за надворешни работи на Германија и Франција вчера го посетија Киев и ги повикаа украинските власти да продолжат со реформите неопходни за исполнување на договорот од Минск и за стабилизирање на состојбата на истокот на земјата.

Во судирите во источна Украина во изминатите скоро две години загинаа повеќе од девет илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG