Достапни линкови

Путин разговарал со саудискиот Крал Салман за Сирија


Архивска фотографија: Рускиот претседател Владимир Путин и саудискиот Крал Салман

Архивска фотографија: Рускиот претседател Владимир Путин и саудискиот Крал Салман

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со саудискиот Крал Салман и оти се согласиле да ги продолжат контактите за решавање на војната во Сирија. Во соопштението од Кремљ се наведува дека Путин ја објаснил суштината на договорот меѓу Русија и САД за прекин на огнот во Сирија, кој стапува во сила на 27 февруари. Прекинот на огнот не се однесува на Исламската држава и Фронтот Ал Нусра, кој е поврзан со Ал Каеда. Американскиот државен секретар Џон Кери предупреди дека постои план Б за Сирија во случај Дамаск и Москва да покажат не се сериозни за примирјето и за разговорите за политичка транзиција.

XS
SM
MD
LG