Достапни линкови

Коѕиас - Непријателска акција од Австрија


Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас

Денешниот состанок во Виена е уште една вонинституционална иницијатива која ги крши духот и словото на договорите на Европската унија и меѓународното право за бегалци, вели грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во пишана изјава.

„Тоа што нашата земја не е поканета на оваа средба се смета за непријателска акција, затоа што создава впечаток дека одредени страни, во наше отсуство, сакаат да реализираат одлуки кои се однесуваат директно на нас“, изјави Коѕиас.

Според него, како што јави дописникот на МИА од Атина, иницијатива за средба на директорите на полициите од Шенген зоната со полициски службеници од земјите од Западен Балкан, само неколку часа по завршувањето на состанокот на Европскиот совет и одлуките кои се движат во сосема спротивна насока од одлуките на европските лидери, укажуваат на „сериозен демократски дефицит“.

Претходно, како што јави „Катимерини“, министерот за надворешни работи на Австрија, Себастија Курц изјави дека Грција „јасно изразила незаинтересираност да го намали приливот на мигранти и токму спротивното, сака да продолжи да ги проследува натаму“ кон Македонија, од каде тие би го продолжиле својот пат кон север.

Тој исто така потсети дека Австрија го ограничи бројот на бегалци кои можат да влезат на нејзина територија.

Австриското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Грција не е поканета затоа што конференцијата е поставена во „редовен формат“ кој не ја вклучува Атина.

XS
SM
MD
LG