Достапни линкови

logo-print

Кери: има план Б за Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери навести дека постои план БХ за Сирија во случај на неуспех на дипломатскиот и политичкиот процес кои САД и Русија се обидуваат да го спроведат за ставање крај на војната во таа земја. „За месец или два ќе знаеме дали се спроведува процесот на политичка транзиција. Ако не биде така, секако постојат опции за план Б, кои ќе бидат разгледани“, рече Кери пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат. Гласовите за ваков план, односно за меѓународна воена интервенција во Сирија се појавија во почетокот на февруари кога Кери беше на турнеја во Европа. Вчера беше соопштено дека САД и Русија постигнаа договор за прекин на огнот во Сирија и оти тој ќе стапи во сила на 27 овој месец.

XS
SM
MD
LG