Достапни линкови

САД: бројот на странски борци во ИД oпадна на 25 илјади


Бројот на странски борци во терористичката организација Исламска држава се намали од 35 илјади на 25 илјади. Ова го соопшти специјалниот пратеник на американскиот претседател Барак Обама за меѓународната коалиција која се бори против исламистите Брет Мекгарк. Говорејќи за напредокот на коалицијата предводена од САД, тој додаде дека ИД е под притисок и оти ги преполовила платите на своите борци.

XS
SM
MD
LG